Партнер ABW

ЗДРУЖЕНИЕ НА БИЗНИС ЖЕНИ – СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Здружението на бизнис жени – Северна Македонија е специфичен и компетентен партнер во дијалогот со владата, невладините организации и приватниот сектор, кој придонесува за општествениот и економскиот развој, со посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економски раст.

Здружението игра водечка улога во организирањето на дијалогот и соработката меѓу деловните жени со цел поддршка и промоција на жените претприемачи во Северна Македонија и регионот.

Здружението на бизнис жени – Северна Македонија формално е формирано во јули 2010 година како невладина организација која активно работи на промовиЛичен раст и развојрање и зајакнување на женското претприемништво во земјата и во регионот. Женското претприемништво како посебна гранка за економски развој во приватниот сектор, како и во државните институции и здруженија, не е јасно препознатливо.

Здружението со текот на времето и низ многу активности придонесува женското претприемништво да биде препознаено како посебен субјект на зајакнување на економијата во државата. Како краен резултат на препознавање и промовирање на активностите на нашето здружение, Стратегијата за женско претприемништво во Република Северна Македонија е во фаза на развој во соработка со Министерството за економија.

Здружението на бизнис жени – Северна Македонија активно работи на подобрување на условите за жените во бизнисот и со тоа станува препознатлив субјект и сега брои повеќе од 200 членови, жени претприемачи.

Z

Обуки за бизниси

Економско јакнење на жените

Z

Обуки за личен развој

Личен раст и развој

Z

Менторство и коучинг

На жените претприемачи или на оние сакаат да станат претприемачи

Z

Застапување и лобирање

Од владата до општините

Z

Совети

За жени претприемачи

Z

Пристојна работа

За сите жени работодавачи и работнички

Z

Конференции и настани

За женско зајакнување и претприемништво

Z

Вмрежување

Со различни чинители и претприемачи

Z

Зелена транзиција

Едукација и активности за зелена транзиција